Кучето, петелот и лисицата
Posted in хумор on мај 12th, 2010 and
БАСНИТЕ НА СВЕТОТ од ШЕНТЕ и ТАБЕРНАКУЛ
Кучето, петелот и лисицата
Си биле едно куче, петел и лисица. Тие си живееле во Скопје, во ,,Капиштец,, . Лисицата си живеела на Водно.
Еден ден кучето и петелот решиле да се прошетаат по планината. Тргнале рано на сабајле, рано пред зори.
Кај ,,Кочо Рацин,, седнаа малку да се одморат. Пред нив по патот за нагоре, врвеа три мачки. ,,Чкссссссс најлепша,, , рече петелот и по кратка пауза продолжи :-,,крава во мојата фарма,, . Кучето рече :- ,,Мјаууу,, . Петелот пак, го впери погледот кон крошната на блиското дрво во која лежеше едно врапче, тој се правеше на Тошо. Една од мачките рече;- ,, селјаци,, . ,,Ајде да продолжиме,, , рече петелот. Набргу влегоа во густа шума, во која навечер не се гледаше прст пред око, но сега беше утро и пешачката патека добро се гледаше. Одеа нагоре и ја пееја ,,Сен сени северан,,. Кучето фалшираше.
На само десет метри од нив Лисицата го пиеше своето утринско секси кафе, кога ја слушна култната. ,, чок сени северан, сен сени северан,,. Ај анасана, рече таа . Aj анасана, ај анасана , повторуваше. Шо петел беше ова? – се прашуваше. Таа реши да ги следи без да ја видат. ,, Чок сени северан, сен сени северан,, . ечеше по кривата пешачка патека. Одеднаш се се стиши, но само за кратко. ,, Пајтон, пајтон, пајтонлари,, , двогласно, ја исполни околината. ,,Ај анасана, ај анасана,, , рече таа и само што скаше пак да речит ,,ај анасана, ај анасана,, од некаде се појави еден пајтон без коњ и со голема брзина профучи на милиметар од неа. Иако беше многу преплашена и изненадена сепак изусти ,,ај анасана,ај анасана,, .
,,Пајтон, пајтон, пајтонлари,, сега ечеше на паркингот на Средно Водно, беа стигнати. Од шесте чешми вода течеше само од една. Околу чубурката и на неа имаше безброј пчели кои во медот ставаа вода за да тежи повеќе. Кога стигнаа до неа престанаа со пеење. До чешмата имаше една стара конзерва од месен појадок, отворена, која служеше како чаша и тие си ја изгаснаа жедта. Петелот ја соблече мајцата која беше мокра од потта и ја стави на клупата да се суши. Кучето пак никогаш не се потеше и затоа без да се соблече седна на клупата. На исток сонцето беше излезено и гледаше се што се случува во Скопската котлина. Градот се дигаше на нозе. Силно светна денот.
За тоа време и лисицата беше стигната, ама од страната на ,,Даре Џамбазот,, . И таа седна на клупа , извади весник од несесерот , ,,утрински,, со две дупчиња на средината, го отвори и низ нив ги гледаше како со две дулбии кучето и петелот…
-продолжува-




