Кучето, петелот и лисицата

 

БАСНИТЕ НА СВЕТОТ од ШЕНТЕ и ТАБЕРНАКУЛ
Кучето, петелот и лисицата

      Си биле едно куче, петел и лисица. Тие си живееле во Скопје, во ,,Капиштец,, . Лисицата си живеела на Водно.
     Еден ден кучето и петелот решиле да се прошетаат по планината. Тргнале рано на сабајле, рано пред зори.
    Кај ,,Кочо Рацин,, седнаа малку да се одморат. Пред нив   по патот за нагоре, врвеа три мачки. ,,Чкссссссс најлепша,, , рече петелот и по кратка пауза продолжи :-,,крава во мојата фарма,, . Кучето рече :- ,,Мјаууу,, . Петелот пак, го впери погледот кон крошната на блиското дрво во која лежеше едно врапче, тој се правеше на Тошо. Една од мачките рече;- ,, селјаци,, .  ,,Ајде да продолжиме,, , рече    петелот. Набргу влегоа во густа шума, во која навечер не се гледаше прст пред око, но сега беше утро и пешачката патека добро се гледаше. Одеа нагоре и ја пееја ,,Сен сени северан,,. Кучето фалшираше.

     На само десет метри од нив Лисицата го пиеше своето утринско секси кафе, кога ја слушна култната. ,, чок сени северан, сен сени северан,,. Ај анасана, рече таа . Aj анасана, ај анасана , повторуваше. Шо петел беше ова? – се прашуваше. Таа реши да ги следи без да ја видат. ,, Чок сени северан, сен сени северан,, . ечеше по кривата пешачка патека. Одеднаш се се стиши, но само за  кратко. ,, Пајтон, пајтон, пајтонлари,, , двогласно, ја исполни околината. ,,Ај анасана, ај анасана,, , рече таа и само што скаше пак да речит ,,ај анасана, ај анасана,, од некаде се појави еден пајтон без коњ и со голема брзина профучи на милиметар од неа. Иако беше многу преплашена и изненадена сепак изусти ,,ај анасана,ај анасана,, .

     ,,Пајтон, пајтон, пајтонлари,,  сега ечеше на паркингот на Средно Водно, беа стигнати. Од шесте чешми вода течеше само од една. Околу чубурката и на неа имаше безброј пчели кои во медот ставаа вода за да тежи повеќе. Кога стигнаа до неа престанаа со пеење. До чешмата имаше една стара конзерва од месен појадок, отворена, која служеше како чаша и тие си ја изгаснаа жедта. Петелот ја соблече мајцата која беше мокра од потта и ја стави на клупата да се суши. Кучето пак никогаш не се потеше и затоа без да се соблече седна на клупата. На исток сонцето беше излезено и гледаше се што се случува во Скопската котлина. Градот се дигаше на нозе. Силно светна денот.

       За тоа време и лисицата беше стигната, ама од страната на ,,Даре Џамбазот,, . И таа седна на клупа , извади весник од несесерот ,  ,,утрински,, со две дупчиња  на средината, го отвори и  низ нив ги гледаше како со две дулбии кучето и петелот…

                         -продолжува-

 pr3

 

pr1

 

pr2

 

pr1

17 Responses to “Кучето, петелот и лисицата”

  1.   shente Says:

    Басните на светот, од Шенте, во Табернакул и во Галеријата Шенте.

  2.   virtuella Says:

    …мислиш дека лисицата ги работи кучево и петелот!?…не бееее, така ти се чини… :)
    …тоа *еден ден…* значи дека ќе продолжи баснава?…

  3.   ygalyjoko Says:

    ygalyjoko…

    Arlene Nicole Rodriguez

  4.   shente Says:

    Басните на светот, од Шенте, во Табернакул и во Галеријата Шенте.(dvoen komentar nemozelo)

  5.   virtuella Says:

    …е да бе, на најинтересното ПРОДОЛЖУВА… со секој твој збор се газам од смеење…
    …сликиве се малце зажмрљани или од ракијава ми е… :mrgreen:

  6.   shente Says:

    Испод Virтуела триста збира, или небеше така. :)
    Виртуела, гледам и ти си пишувала ма басни.,,Боле гавран на грани него Перо Наков. :)
    Сликите се намерно замачкани. Лисицата рече: ,,пушти флаша ракија, фати Марко рогови. :)

  7.   shente Says:

    Леле, рече лисицата гледајќи со двете дулбиите, ама е убав овој петел, леле какви карабатаци има, какво газе, леле ми доаѓа да го изедам, морам да го имам, мора да е мој.

  8.   shente Says:

    A во ,,утрински,, на страната на огласи стоеше:

    Опозиционо блогирање ( 22 ) – roboto
    Опозиционо блогирање ( 22 ) – roboto
    Опозиционо блогирање ( 22 ) – hemicarot
    Опозиционо блогирање ( 22 ) – karamba!
    Опозиционо блогирање ( 22 ) – roboto
    Опозиционо блогирање ( 22 ) – stefus-refus
    Опозиционо блогирање ( 22 ) – marsovka

  9.   shente Says:

    На Водно на Водно, таму п.ички пеат и е весело.

  10.   shente Says:

    На паркингот стоеше еден коњ. Плачеше. Од очите му се тркалаа крокодилски солзи. Петелот му пријде и го праша:- Што е бе, што се лигавиш?. Пајтонот, ми го нема пајтонот, липајки, изусти коњот…

  11.   shente Says:

    Пајтонот?

  12.   shente Says:

    Пајтонот, ми го нема.

  13.   shente Says:

    Лисицата рече: – пушти корче фати ноџе.

  14.   Школа дайвинга Says:

    Интересный ресурс…

    …как мало в сети увлекательных мест! Ваш сайт sente.blog.mk то, что нужно……

  15.   shente Says:

    Интересный ресурс…

    …как мало в сети увлекательных мест! Ваш сайт sente.blog.mk то, что нужно……

    Vbb- spamira od vozot. >) :)

  16.   gocajаska Says:

    … ииииииииииииии …
    … чксссссссссссс бе …

  17.   shente Says:

    Koga site pomislija deka stanuva dosadno, na parkingot se pojavija trite 4kssssnati ma4ki, Gocajaska, Gocatiska i Gocagostiska. Petelot pu[e[e…

Напишете коментар